Поранешниот амбасадор на Европската унија во Македонија, Ерван Фуере, ја повика унијата да се вклучи во решавање на македонско-бугарскиот спор. Во интервју за Телма, Фуере вели дека ако не се вклучи унијата, Македонија би можела да биде притисната да прифати непродуктивни позиции.













