Вести Македонија

ВИДЕО: Со „извадени“ полициски алатки-не се плаќа патарина

Покажува легитимација и поминува без да плати патарина.

По вакво видео објавено на социјалната мрежа Тикток, граѓаните реагираат дека не смее да се дозволи вакво незкаонско поминување на рампите за патарина.

Слично видео е објавено во септември, кога возач покажува полициска пала стоп и е пропуштен на патарина без да плати.

Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот за да се утврди дали е полицаец кој ја злоупотребил значката.

Од Државни патишта ни соопштија дека се проверува дали е постапено според правилникот за наплата на патарина. Од ЈП ДП објаснуваат дека неплаќачите на крај си плаќаат казни и патарина, но вработените избегнуваат да се расправаат со непристојните, агресивните возачи кои вадат легитимации и други помошни средства за да избегнат плаќање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Изгоре човек во пожар кај Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе