Вести Македонија

МРТВ и железничарските претпријатија најголеми државни загубари

Трошеле, но не заработувале. МРТВ – во 2019-та завршила со загуба од над 8 милиони евра, зад неа двете железничарски јавни претпријатија, а традиционални загубари на листата  и ЈСП, Водовод и ГТЦ за периодот од 2015- 2019-та, говори анализата на центарот за граѓански комуникации. 30 – најголеми претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа, за четири години, приходите ги зголемиле за само 2 %. Оствариле 732 милиони евра, а најдобитни биле МЕПСО и Ј.П. „Државни патишта“. Прихопди од регистрација, патарини, но и огромни кинески кредити, жолчна расправа околу наодите како ова претпријатие успеало годината да ја заврши со над 40 милиони евра добивка.

Освен што учествуваат со 7 % проценти во бруто домашниот производ овие претпријатија даваат плати на повеќе од 22 илјади вработени. За да се врати вложениот капитал потребни се векови.

Вината не е во менаџментот и основачаите на претприајтијата туку во управните и надзорните одбори, вели вицепремирот за економски прашања Фатмир Битиќи, во расправата зошто директорите не се разрешуваат и по 6 месеци од негативните извештаи.

Препораките се: нов закон за државни претпријатија, а владата, пак, со најава за јавно приватно партнерство или пак можеби приватизација на ТЕЦ Осломеј, А.Д. Пошта, ТЕЦ Неготино, М.Ж. Транспорт.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе