Повеќе полиски службеници попладнево интервенираа во градската болница Наум Охридски каде беа однесени двајца ранети од вооружена пресметка.
Пред болницата беше паркиран и автомобил со искршени стакла со кој повредените се префрлени за медицинска интервенција. Поставени се полицајци и полициски ленти околу автомобилот кој при транспортот удрил во столпчињата што ја разделуваат приодната улица до болницата од паркингот. Во моментот приодот до болницата за итни пациенти не се користеше бидејќи е оградена за полициски увид на изрешетаниот автомобил.
Инцидентот се случил во 13 часот пред објект во село Љубош. Две двочлени групи започнале расправија која на крај завршила со вадење и истрели од оружје. Ранети се двајца мажи на 48-годишна и 30-годишна возраст кои биле заедно за време на расправијата.
Полицијата соопшти дека сите 4-ца (меѓу нив и ранетите во болницата) се лишени од слобода, а откриени е и оружјето употребено во пресметката во која се ранети припадници на иста група, од двете што учествувале во пукањето.
Полицијата информираше дека:
На 14.01.2021 во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект на во с.Љубош, на регионалниот пат за селата Батинци – Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир, со физичка пресметка помеѓу Н.К.(68) и Х.К.(32), кои биле со патничко возило „голф“, од една страна и Н.Р.(48) и М.Р.(30), кои биле со патничко возило „шкода“, од друга страна, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле Н.К. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Четирите лица се лишени од слобода, а обезбедени се и нивните возила и оружјето. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.