Ракомет Спорт

Брестовац: Без бело знаме против Шведска

На отворањето на Светското првенство во ракомет во машка конкуренција, репрезентацијата на Македонија ќе се соочи со Шведска, а натпреварот во Каиро почнува во 20 часот и 30 минути.

Можеби на хартија Швеѓаните се фаворити, но во Египет допатуваа во ослабен состав и тоа може да биде голема шанса за нас да направиме изненадување. Шведска се вбројува меѓу најголемите ракометни нации на светот, но нашиот тим кој е спој на младост и искуство сигурно дека предвреме да се предаде и ќе се обиде да ја искористи можноста за сензација.

“На тренинзите работевме како дека ќе одиме на Светското првенство и сметам дека со овој состав кој е во фаза на формирање мислам дека сме доволно подготвени за настап. За нас ова е награда, но не дојдовме во Египет само да учествуваме. Целта ни е да се пласираме во вториот круг, а секој натпревар во продолжението е можност голем дел од играчите да соберат дополнително искуство кое многу ќе ни значи за во следните настапи бидејќи на оваа генерација на играчи и престои светла иднина”, изјави пред натпреварот селекторот Данило Брестовац.

Предводникот на националниот тим истакнува дека не очекува еден тежок натпревар.

“Шведска е силна репрезентација, не очекува една голема битка, еден голем натпревар и сигурно дека нема однапред да се предадеме без разлика на фактот што поради кусиот период не сме добро подготвени за овој натпревар. Египет е домаќин на првенството, се наоѓаме во идентична ситуација како и на последното Европско првенство во Австрија., но откако извлековме поуки од мечот пред една година сега се надевам на добра игра и поволен резултат. Со селекцијата на Чиле игравме две контролни средби. Чилеанците на тие мечеви играа со најдобриот состав додека ние сме посилни со Кире Лазаров, Стојанче Стоилов и Никола Марковски во екипата. Ние не ги извадивме најдобрите адути, а тие покажаа се што знаат во моментов. Верувам дека на тој натпревар ќе бидеме максимално фокусирани и дека ќе се пласираме во вториот круг “, заврши Брестовац.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе