Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески вели дека не чувствува лична одговорност за лошиот нацрт извештај на УНЕСКО за Охрид. Посочува дека откако е дојден спроведени се многу работи, но сепак сегашната состојба е поради проблемите кои претходно се таложеле. Забелешките до Унеско ќе бидат испратени, но не очекува извештајот да претрпи големи измени. Донка Барџиева пак од Ценатрот за културно наследство посочува дека одговрноста е кај Владата.













