Одбојка Спорт

Ѓорѓиев: Бодовите ги освоивме, но мораме да играме подобро

Македонската одбојкарска репрезентација со победа против Босна и Херцеговина ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство.

Играта на нашиот национален тим не беше на посакуваното ниво, но барем за почеток најважно што стартувавме со победа, а по еден ден одмор утре не очекува соочувањето со Турција и комплетниот состав најавува подобро издание и игра на повисоко ниво.

“Искрено очекував полесен натпревар, но според моето искуство токму првите мечеви се најтешки. Задоволен сум што успеавме да победиме, да ги освоиме првите бодови. Сега притисокот е помал и токму тоа ќе биде клучниот фактор за кревање на нивото на играта на дуелот против Турција. На целиот меч против Босна и Херцеговина не игравме онака како што знаеме. На контролните дуели со Бугарија покажавме дека можеме да играме далеку подобро во сите сегменти од играта и сметам дека во продолжението на турнирот ќе бидеме далеку подобри”, истакна Ѓорѓи Ѓорѓиев.

За нашите одбојкари денеска е слободен ден, а на квалификацискиот турнир во Скопје во второто коло попладнево од 18 часот ќе се соочат селекциите на Турција и Босна и Херцеговина.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Распродажба во Милан: Тео оди во Ал Хилал, Мењон во Челси

Дејан Дејан

Челси не го сака Санчо: Фудбалерот се враќа во Манчестер јунајтед

Дејан Дејан

Бруно Фернандеш одби да се пресели во Саудиска Арабија – останува во Манчестер јунајтед

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе