По веста дека 18 репрезентативци на САД на последното тестирање имале позитивни резултати на инфекција со коронавирусот, ракометарите ќе патуваат за Египет и на Мундијалот ќе настапат со 12 играчи.
Последен збор околу евентуалното учество на селекцијата на САД ќе има Светската ракометна федерација, која доколку не им дозволи на Американците во десеткуван состав да бидат дел од шампионатот, тогаш ќе се активира повикот за репрезентацијата на Македонија која има статус на прва резерва.
Селекцијата на САД е во групата со Франција, Норвешка и Австрија.