Ковид19 Македонија Најважни

Лекот „Ивермектин“ од денеска достапен и во нашите аптеки

Лекот „Ивермектин“ од денеска е достапен за граѓаните во аптеките, информира Министерството за здравство. Овој лек може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист.

Како што посочува Министерството, лекот може да се употребува во домашно и болничко лекување, и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен.

Лекот ERMETIN (ivermectin) таблета 3 mg x 10 во пакување, на производителот „World Medicine Ilac San.Ve.Tic.“ од Турција во аптеките по одобрена малопродажна цена изнесува 299 денари.

-Повеќе клинички студии кои ја евалуираат ефикасноста на ивермектин кај пациенти со COVID-19 се во тек и/или нивните крајни резултати се уште не се публикувани во научни списанија, но прелиминарните резултати сугерираат дека ивермектин има поволен ефект во профилакса на COVID-19 кај експонирани лица, како и во терапија на пациенти со лесна, средно-тешка и тешка клиничка слика, соопшти Министерството за здравство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фирмата заради која Богоев заврши во притвор и годинава добила тендер од Царинската управа вреден 420 илјади евра

Igor Trajkov

Над 250 милиони евра должи ЕСМ на домашни и странски банки

Дејан Дејан

Холанѓанец баран со меѓународна потерница за криумчарење мигранти и сексуална експлоатација е уапсен на Бит Пазар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе