Обилните врнежи од дожд предизвикаа зголемување на водостоите на реките и во тетовскиот регион. Поплавени се повеќе земјоделски површини во село Фалише, а излевање на речни води имало и во Порој и Мала Речица, но засега без поголеми материјални штети, информираат од општина Тетово.
Врнежите од дожд предизвикаа и заматување на водата за пиење во тетовскиот водовод, така што надлежните препорачуваат да се користи флаширана вода.
Според Управата за хидрометеоролошки работи во однос на вчерашните податоци се бележи покачување на водостојот на реката Вардар во општина Јегуновце од 114 cm. Најкритично е во село Раотинце.
Жителите на Раотинце велат дека речните води нагло се зголемиле за само едно деноноќие.
Според УХМР, по Пожаране најмногу наврнат воден талог за изминатите 24 часа има во Тетово, односно 39 л/м2.
Данијела Билбилоска