Вести Македонија Топ вести

14 кандидати за членови на ДИК

Даштевски, Гугучевска, Кондарко, Витановски, Шеху, Стојановски и уште осум други лица, ја сочинуваат кандидатската листа за членови на ДИК. За новиот состав конкурираат сите од актуелниот состав освен претседателот Оливер Деркоски. Комисијата за избори и именувања со 11 гласа „за“ даде едногласна поддршка за сите.

ВМРО ДПМНЕ, која го задржува претседателското место во Комисијата, ќе му даде поддршка на поранешниот член на ДИК Александар Даштевски. За другото место веројатно ќе го предложи Бобан Стојаноски. Третото опозициско столче и припаѓа на Алијанса-Алтернатива, која ќе му даде поддршка на Кренар Лога. Владеачките партии се уште одлучуваат.

СДСМ треба да одбере тројца: „во игра“ се сите сегашни членови плус досегашната портпаролка Љупка Гугучевска-Филиповска и поранешниот заменик министер за правда Оливер Ристоски. Кандидатите што ќе ги предложат партиите треба да добијат дво-третинско мнозинство. Мандатот на сегашниот состав истекува на 15-ти јануари. Беше избран пред нешто повеќе од две години, а прва задача му беше Референдумот за името во септември 2018-та.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен Бедри Бериша – треба да издржува затворска казна, иако се најде на список за помилување на екс претседателот Пендаровски

Sasko Dimovski

Сè уште немаме добиено пари од државата за здравствена заштита на животните, реагираат ветеринарните друштва – АХВ во финансиски проблеми

Sasko Dimovski

Директор на детска градинка во Штип преку фиктивни фактури го оштетил буџетот за над 100 000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе