Маж на околу 60-годишна возраст почина на автопатот Велес Скопје по патарината кај Отовица, а неговата 89-годишна мајка била повредена во сообраќајна несреќа која се случила претпладнево околу 10:30 часот.
И синот и тешко повредената мајка се префрлени во велешката болница. Според првичните информации добиени од велешката Итна помош, починатиот немал физички повреди и е најден надвор од автомобилот кој удрил во банкината на автопатот. Ќе се утврдува дали е починат од други здравствени причини или од сообраќајната несреќа.
89-годишната жена имала повреди на главата и Итната помош ја префрлила во велешката болница.
Итната помош поради раздвоениот автопат каде нема излези за ургентни ситуации, после интервенцијата, од Отовица морала да сврти круг до Катланово каде се исклучиле и се вратиле по автопатската лента во спротивен правец кон Велес каде е однесена повредената жена.
Полицијата изврши увид на лице место за да се утврдат причините за несреќата. За време на увидот, сообраќајот беше во прекин, а после 12 часот е нормализиран.