Вести Македонија Топ вести

Минатата недела 24 заболени од грип, сезонава вкупно 379

Од 28 декември до 3 јануари во државава пријавени се 24 заболени од грип, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Од заболените 15 се од Дебар, пет од Кичево, двајца од Струмица и по еден од Куманово и од Прилеп.

Во однос на возрасната дистрибуција, 11 лица се на возраст од 15 до 64 години, а највисока инциденца (4,3/100.000) се регистрира кај најмладите, децата на возраст до четири години.

Во сезоната 2020/2021 вкупниот број заболени од грип изнесува 379, што е за 54,2 отсто помалку споредено со истиот период минатата сезона кога имаше 828 заболени и 70,1 отсто помалку во однос на типичната сезонска крива (n=1.266).

За сезоната 2020/2021, Министерството за здравство набави бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 40.000 дози, наменета за приоритетните групи население.

Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, а заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 28.075 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини. Заклучно со 3 јануари вакцинирани се вкупно 37.221 лица со бесплатна вакцина.

Дополнителни дози вакцина се набавени од страна на центрите за јавно здравје, како вакцини за останатото население кое не спаѓа во горенаведените групи и тие можат да се добијат за одреден финансиски надомест како комерцијални вакцини. Во однос на комерцијалните вакцини, согласно достапните податоци од извештаите на центрите за јавно здравје, вакцинирани се 8.993 лица, од кои 139 во периодот од 28 декември до 3 јануари.

Заклучно со 3 јануари во државава вакцина против грип примиле 46.124 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прегазил пешак возејќи мотоцикл без дозвола – инцидент на пешачки премин во Кисела Вода

Дејан Дејан

Пренџов: Лидери сме на Западен Балкан по спроведени реформи, наш императив е средствата од ЕУ да ги искористиме до денар за буџетска поддршка и за проекти за граѓаните

Дејан Дејан

Меџити: Азир Алиу е предлог на „Вреди“ за нов министер за здравство, Арбен Фетаи во претседателството на партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе