Денес околу 17 часот , почина Проф.Д-р Драгослав Младеновиќ, редовен професор на Медицинскиот Факултет.
Младеновиќ е роден во 1956 година. Работниот век го поминал во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје, како дигестивен хирург и истовремено како автор на многу трудови од таа област. Младеновиќ беше активен и на меѓународен и домашен план како чест учесник и предавач на симпозиуми од областа на дигестивната хирургија.













