МАНУ се подготвува со научни аргументи повторно да ги отвори темите поврзани со Преспанскиот договор. Претседателот на Академијата, Љупчо Коцарев е уверен дека тој договор е извор на регионална нестабилност. На агендата на МАНУ годинава е и критичка анализа на планираната реформа во основното образование, поради опасност од обезличување на профилот на учителите.













