Политичкиот натпревер, битката за гласови и критиката на политиките освен во собраниската сала се одвивала и на социјалните медиуми. 2020 –та година на интернет рекорди – 119 пратеници биле активни на социјалните мрежи, а таму не се појавил само пратеникот Панчо Минов кој изминатата година не користел фејсбук или твитер. Претходната 2019-та само 87 од 120 пратеници зеле учество на социјалните мрежи. Истражувањето на инистутит за добро управување ги измерило и градоначалниците, а само седуммина од 81 не успеале да отворат профил на некоја социјална мрежа.
Неуморен корисник од извршната власт на социјалните медуми е првиот Вицепремиер Артан Груби, кој често обајвува содржини. Сите министри имаат фејсбук профил. Достапен на интернет е е претседателот на државата Стево Пендаровски ,а едиснтвено минситерство кое не користели некоај од социјалните мрежи измиантата годиан е министерството за економија. Но, она што го открило истражувањето на инситутот е дека освен што објавуваат содржини, јавните фаункционери не комуницираат со граѓаните на интернет.
Зад себе армија поддржувачи имаат профилите на фејбуск на поранешниот и сегашниот премиер на државата. А, зад нив се опозиционерите Христијан Мицковски од ВМРО – ДПМНЕ и Димитар Апасиев од Левица. Оваа година се очекува раст од 80 на 85 проценти од граѓаните да приклучат на интерет, а според претходни истражувања на институтот за добро управување 2/3 од нив се дел од некоја социјална мрежа.
Павле Беловски