Вести Македонија Најважни

Македонската Влада не се откажува од дијалог со Бугарија

По празниците, Македонија најавува интензивирање на разговорите и соработката со соседните Бугарија и Албанија. Министерот Османи предлага трилатерална координација, а премиерот Заев продолжување на дијалогот со источниот сосед. Бујар Османи со писмо им се обрати на колегите од Бугарија и Албанија, Екатерина Захариева и Олта Џачка, предлагајќи политичка платформа со трилатерална координација за поддршка на инвестициски проекти долж коридорот 8. Османи објаснува дека треба да се отстранат причините за постојаното одложување на инвестициите, што ќе придонесе за зајакнување на довербата меѓу народите и за зацврстување на европската перспектива на регионот.

Како предводници на дипломатиите на трите држави на Балканот, членки на НАТО преку кои се поврзува Јадранското со Црното море, се поврзува Истокот со Западот на Балканот, сметам дека имаме обврска да ги премостиме географските, историските и политичките бариери кои го отежнуваат поврзувањето и ја обременуваат подлабоката соработка, изјави Бујар Османи .

Во интервју за Македонската информативна агенција, премиерот Заев најавува дека специјалниот претставник Владо Бучковски и министерот Османи ќе ги продолжат разговорите со колешката Екатерина Захариева во потрага по решение за билатералните разлики, со што нашата земја останува максимално активна. Заев смета дека со неодобрувањето на преговарачката рамка, Македонија ќе изгуби драгоцено време, но најголем губитник ќе биде Европската унија бидејќи ова е удар врз темелите на кои е изградена.

 Треба да покажеме европски вредности: дијалог наместо конфликт, смиреност и подготвеност за соработка наместо национализам за домашна употреба и нови изолации, заеднички успех наместо споделен неуспех. И ние и бугарската страна имаме обврска за македонските и за бугарските граѓани да испорачаме европска иднина со почитување на европските вредности. 

 Овие иницијативи треба да дадат нов импулс во односите со двете соседни држави, особено со Бугарија, која го оневозможи стартот на преговорите меѓу Македонија и Европската унија. Според Заев, му се дава шанса на процесот, но усогласувањето на ставовите треба да биде според јасно утврдени македонски национални позиции и согласно нашите стратешки евроинтеграциски цели.

Соња Николовска

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загинаа пет почетници скокачи, пет инструктори и пилотот – авионот имал дефект паднал вертикално

Дејан Дејан

Ја задушил а потоа тврдел дека му се јавила во сон и му кажала каде да оди да ја спаси – обвинителството бара притвор за мажот кој два дена го криеше телото на сопругата

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 30.6.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе