Вести Македонија Топ вести

Најтивката новогодишна ноќ во историјата на човештвото

Правилата за овогодишниот дочек на новата година ги одредуваат корона вирус правилата. Ги нема традиционалните прослави на плоштадите, кафулињата и рестораните. Полните плоштади се заменети со празни улици, а луѓето ќе ја дочекаат новата година онака како ја минаа – во своите домови со најблиските.

Огнометите и собирањата се откажани од Сиднеј до Њујорк – сите треба да останат дома, за државите да не се соочат со нови бранови на коронавирусот, кој се чини дека е на чекор пред сите преземени мерки. Нема пролсава ниту во европските градови. Франција Новата година ја дочекуав во полициски час. Се размислува да почнува порано, а сто илјади полицајци се мобилизирани за вечерва да ги растеруваат ноќните забави.

Размислуваме за идејата за уште еден локдаун. Во оваа фаза не сакаме да воведеме карантин во цела држава, секако ќе предложиме да се продолжи полицискиот час, наместо од 20 да почнува во 18 часот во сите региони каде е потребно, во градовите и регионите каде стапката на инциденца е над максималното ниво за тревога. мерките ќе ги спроведеме од 2 –ри јануари, изјави министерот за здравство на Франција, Оливие Веран. 

Ниту на топлата Италија не е и до дочек. Во 20 региони нивото на заразата е многу високо, и затоа земјата од денеска влегува во нов локдаун до 6 јануари. И на британците им е наредено да останат дома, откако новиот миутиран вид на ковид неконтролирано се шири во регионите каде се засегнати 20 милиони луѓе. Лондон е празен – се слушаат само сирените од болничките возила.

Во Германија карантинот трае до 10-ти јануари, но со новите бројки се размислува истиот да се продолжи.

Бројките на починати и инфицирани покажуваат дека сме многу далеку од нормалноста што ја сакаме. Во оваа ситуација, не гледам како би се вратиле во периодот од пред карантинот. Колку и да е тешко , ова се однесува и на новогодишната вечер, рече германскиот министер за здравство, Јенс Шпан. 

Иконската кристална топка на њујоршки Тајмс Сквер традиционално ќе биде спуштена на полноќ, но никој нема да и се восхитува годинава. Откажани се прославите и во Сан Франциско и во Лас Вегас. Нема собирања, затоа што короната го сака метежот. Несомнено ова ќе биде најтивката новогодишна вечер во историјата на човештвото. Но, славењето ќе го оставиме за наредната година, а оваа новата ќе ја посветиме да ги излечиме раните од поделбите, тагите, трагедиите и да почнеме да ја лечиме Планетата.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Кој ќе биде нов гувернер?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе