Македонија во февруари ќе ги добие првите дози од вакцината на Фајзер/ Бионтек, потврди министерот за здравство Венко Филипче.
Тој додаде дека денеска попладне бил постигнат директен договор со компанијата а количината ќе биде позната во текот на наредните недели.
По февруари, следните дози од оваа вакцина се очекуваат во март и април.
Одговорајќи на пратеничко прашање на Димитар Апасиев од “Левица”, Филипче потврди дека рускиот амбасадор во нашата држава ја понудил и вакцината Спутник 5, но во периодот кога таа се уште била во фаза на тестирање и кога не бил целосно завршен процесот на нејзино одобрување.
Сепак, Филипче најави дека и руската вакцина ќе биде дел од програмата Ковакс механизмот и системот со кој ќе бидат дистрибуирани вакцините во Европските земји, па така се очекува да биде доставена и во нашата земја.
