Вести Македонија

Во Собранието дебата за патриоти и квазипатриоти

На Собраниската говорница се појавија фотографии на народните херои Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Мучето, како и на тетки, баби, дедовци и други роднини на пратеничката Рашела Мизрахи. Сите биле жртви на бугарскиот фашистички окупатор. Преку нивните судбини и нејзините пратенички прашања, Мизрахи побара од премиерот Заев да прецизира дали Бугарија била администратор или окупатор.

Премиерот Заев посочи дека одбива да биде квазипатриот со подготвени говори за да не го остави својот народ во балканското сивило. Одговори дека  злосторствата ги извршиле бугарски фашисти, но бугарскиот народ не бил прашан дали сака сојуз со Третиот рајх.

Преку пратенички прашања, ова беше прво соочување на пратениците со Владата по јулските предвремени парламентарни избори.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе