Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најголем дел од стопанствениците ги почитуваат протоколите, но сепак инспекциите откриле прекршувања

/

Македонија

Сподели преку :

Најголем дел од стопанствениците доследно ги почитуваат протоколите но сепак инспекциите откриле прекршувања, соопшти претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска. Минатата недела инспекциските служби направиле 5.200 надзори и контроли а затворени се 13 угостителски објекти кои ги прекршиле протоколите и кои работеле по 18 часот или пак имало повеќе гости од пропишаното. Идадени се 6.576 решенија за изолација. Од Инспекцискиот совет најавуваат дека контролите ќе продолжат за новогодишната ноќ и периодот кој следи и апелираа до граѓаните да ги почитуваат мерките и да избегнуваат групирања.

Jumbo 2