Македонија Најважни

Антикорупциска ќе „чешла“ имоти на градоначалници, судии, но и на министрите

Градоначалници, судии, но и функцинери за кои граѓаните поднеле претставка за нивната работа идната година антикорупциска ќе им ја чешла имотната состојба. Околу 15 градоначалници ќе бидат на агендата на антикорупционерите во првите четири месеци од 2021 година.

„Во првиот квартал ќе бидат опфатени градоначалници. Во пресрет на локалните избори ќе бидат опфатени околу 15 градоначалници и градоначалникот на Градот Скопје“, информира Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Поради неможноста на Антикорупционерите да ги проверат сите градоначалници тие проверката ќе ја прават врз основ на критериуми, меѓу кои ќе се најде критериумот  со колкав буџет располагале, а критериум за тоа кој градоначалник ќе влезе на листата за проверка на ДКСК ќе биде и колку пријави за неговата работа има од граѓани и други субјекти.

„Да речеме колку зачестено кон еден градоначалник имаме такви пријави. Така да тоа е еден од критериумите“, вели Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК.

По градоначалниците антикорупционерите ќе ги чешлаат имотните состојби на следат судиите, а потоа и државните функционери.

„Проверка на имотната состојба на владините функционери, ова ни е обврска од ГРЕКО, така да и тој дел ќе го исполниме. Во вториот квартал ќе бидат опфатени судии од целата територија на Република Македонија за кои граѓаните поднеле пријави поради незадоволство од донесените судски одлуки“, изјави Ивановска.

Ивановска информираше дека врз основа на аналаиза на предметите кои што ги добиле, ќе биде направен списокот на судиите кои ќе се проверуваат. На списокот на судии за проверка идната година ќе се најдат и двајцата претседатели на Управниот суд кои не биле опфатени во проверката на претседателите на судовите од Антикорупциска за изминатава година.

Што се однесува до државните функционери Антикорупциска информира дека идната година, согласно препораките на ГРЕКО, ќе го проверуваа имотот на сите министри и нивните заменици, на чело со премиерот.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стојановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе