Вести Македонија

Царовска нема време да ги сослуша, но ќе најде време да им ги прочита ставовите на наставниците

Не стивнуваат реакциите за Новата концепција за основно образование. Голем дел од фелата , реагираше дека не се консултирани пред МОН да седне и да го смисли новиот наставен план. Од министерство пак го прикачија документот на нивната веб – страница и повикаа наставниците , професорите и сите засегнати да им се обратат преку мејл. Односно ќе имаат време додека учениците се на зимски распут да праќаат коментари, предлози и сугестии.  Документот има 48 страни , а Нацрт-верзијата е објавена на пет јазици: македонски, албански, српски, турски и босански.

Денеска , историчарите повторно со реакција,  професорскиот кадар на Институтот за национална историја, на поранешните директори и професори во пензија уште еднаш се огласија дека не биле известени за ваквите промени, и за тоа дека предметот историја ќе се спои со географија и граѓанско.

Подготовката на вакви суштински реформи во образовниот систем, кои директно задираат во концептуалното и системското изучување на историјата на национално ниво е невозможна без претходни темелни компаративни анализи со националните наставни програми во балкански контекст. Истите, пак, јасно покажуваат дека балканските земји, вклучително и земјите членки на ЕУ, го изучуваат предметот историја како фундамент во осознавањето и градењето на идентитетот на нацијата, сметаат Актуелни и поранешни професори од Институтот за национална историја

Инаку, освен спојувањето на предметите, меѓу новините кои се воведуваат е задолжителен престој на учениците во училиште и тоа 5 саати од прво до петто одделение ,  6 саати од шесто до деветто одделение. Шест саати ќе биде задолжителен престој на наставниците во училиште. Ќе има девет задолжителни предмети, а новина е дека ќе бираат меѓу втор странски јазик и албански јазик. Споените предмети ќе важат за осноците од прво и од шесто одделение. Според најавите на министерката Царовска новиот концепт би стартувал во септември .

 

Теодороа Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе