Разбиена е терористичка организација која планирала напади во земјава. Уапсени се осуммина членови на групата кои се на возраст од 21 до 32 години и тоа тројца се од скопје а петмина од Куманово. Еден од нив претходно учествувал и во паравоени формации надвор македонија како припадник на терористичката организација ИСИС во Сирија. Акцијата е продолжение на онаа која се случи пред четири месеци кога беа уапсени тројца терористи меѓу кои тогаш беше и основачот на групата.
Претреси биле извршени на осум локации а според МВР оружје и експлозивни сретства биле најдени близу Менкова Колиба кумановско. Терористите меѓу себе комунициале на интернет апликацијата „Whats App“ а освен што договарале како ќе го транспортираат оружјето се договарале и како да се изработат самоубиствени појаси.
Инаку според претходните информации лидерот на ќелијата одлежал 3 години затвор по пресуда за учество во странска војскабидејки од 2016 та се борел во ИСИС. И другите двајца кои беа уапсени со него се поранешни затвореници за истот дело. Беа уапсени во центарот на Куманово, живееле во урбани средини а главниот дури имал и стан во скопје каде често престојувал. Тогаш Директорот на АНБ Виктор Димовски рече дека целта на групата биле витални државни објекти, но истрагата беше насочена и кон тоа кој ке ги носел самоубиствените појаси, сомнежите беа дека се врбуваат извршители на планираните напади. Денес нема одговор дали меѓу сега уапсените имало доброволци.
Билјана Николовска