На прашањето какo би ги оцениле 100-те дена работа на Владата: 2,46 е средната оценка што и` ја дале испитаниците во најновата анкета на Телма и МЦМС. На скалата од еден до пет – 11 % дале оцека 5, 14,2 % првите 100 дена ги оцениле со четворка, 20,1 % ја оцениле работата на Владaта со тројкa, 19, 4 отсто со двојка, а 35,3 отсто ја оцениле Владата со – единица. Или просечната оценка за првите 100 дена е 2,46. Истражувањето е спроведено од М- Проспект во периодот од 16 до 24 декември, преку телефонска анкета, на репрезентативен примерок од 1000 испитаници, со маргина на грешка 3% на ниво на доверба од 95%. Според резултатите од анкетата 61,9 отсто не сакаат Анекс на договорот за добрососедство со кои би се дале посебни гаранции за територијални претензии и немешање во внатрешните работи, без да се навлегува во идентитетските прашања. Наспроти 33,5 отсто од испитаниците кои се согласуваат таков анекс да има.