Честитки, пофалби во медиумите за здравствените работници, но дискриминација и понижување во болниците каде што работат и се борат со пандемијата. Вака дел до вработените ја опишаа ситуацијата во која се најдоа откако владата им додели парична награда на оние кои се во редовен работен однос а го заборави здравствениот пероснал кои немаат решенија за вработување на неопределно време. Ја прашуваат владата дали тие не заслужуваат 30 илјади денари награда.
Вашата благодарност беше упатена кон целиот персонал во Ковид центрите. Вие насочивте награда- бонус до сите сестри, доктори, болничари и технички персонал. На сите поделивте бонус освен на тие со договор на дело НЕ, и тоа без никакво објаснување за причините. Зарем тие луѓе не се борат со иста мера и сила како и другите ? “ реагираше дел од персоналот на Инфективна модуларна болница
Министерството за здравство попушти. Бонуси ќе има не само за постојаните вработени туку и за оние здравствени работници со договори на определно кои се бораат во ковид центрите со пандемијата. Парите ќе ги добијат некаде во јануари, вели минситерот Венко Филипче за Телам телевизија.
Наградата ги подели вработенитево болниците. Додека едни се радуваат, други ќе чекаат бонус во јануари, а вработените кои не се дел до ковид одделението во скопска геријатрија најавија и штрајк. Не се задоволни од одлуката на владата нивните колеги да добијат бонус, а тие не. Обвинија дека раководителите си направиле список кој да биде, а кој не награден. Директорката во обид да ги смири незадоволствата, побарала од министерството за здравство пари за сите.
Штипските бели мантили веќе ги добија ветените 30 илјади денари ,а средства се легнати на на сите јавни-здравствените установи кои работат со ковид пациенти, за тоа лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничари, транспортери, техничките лица кои работат со ковид пациенти.
Павле Беловски