Маратонска собраниската расправа за законот за решавање на деценискиот спор меѓу Владата и Макпетрол.
Седницата почна вчера попладне, а траеше до рано утрово и истата дополнително ќе биде закажана. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ и Левица со говор на омраза , навреди кон Макпетрол, Телма и нивните менаџерски тимови, реплики и контрареплики се обидуваа да го спречат донесувањето на законот. Се очекува во Понеделник да биде изгласан законот со кој би се решил долгогодишниот спор меѓу државата и Макпетрол, а со тоа би се решиле проблемите со гасификацијата. Законот за енергетика е усогласен со европските директиви и истото го налага Енергетската заедница.
Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека треба да се прави разлика помеѓу номиналната и актуелната вредност на секое АД и додаде дека со изградбата на гасоводот како држава ќе добиеме поевтин енергенс и ќе се намали загадувањето на животната средина, а индустријата ќе стане поконкурентна.