Судскиот совет разреши двајца судии од Основен суд Охрид.
Неофицијално, Телма дознава дека на денешната седница советот одлучувал за постапување на судијката Весна Кичеец за случајот со убиството на момче во Охрид од пред две години во кое беше вклучен странски државјанин. Советот пронашол грешка во работењето на судијката поради неитно постапување, односно затоа што се работело за притворски предмет, но и покрај тоа на обвинетиот му истекол притворот и успеал да избега.
По ова му е пресудена 16 годишна затворска казна, но сепак пропуст бил направен, смета судскиот совет.
Во вториот случај, според информациите на Телма, се работи за судијата Трајче Скрчески за кој втор пат се одлучува заради неговата жалба, но сепак советот одлучил дека судијата постапувал несовесно.
Тој е веќе во пензија, но постапката морала да заврши.
Од судски совет велат дека за во јануари имаат закажано уште седници на кои ќе се разгледуваат преставки за несовесно постапување на судии.