Македонија Најважни

Се уште чека одговор на нон-пејпрот што Бучковски го достави до официјална Софија

Македонија се уште чека одговор на нон-пејпрот што специјалниот претставник на владата го достави до официјална Софија на почетокот на месецов. Се работи и на дефинирање на патоказот кој треба да го прецизира исполнувањето на Договорот со Бугарија. Специјалниот претставник Владо Бучковки за Телма вели дека решенија се можни.

Нон пејпрот што специјалниот претставник на Владата, Владо Бучковски го однесе во Бугарија пред десетина дена, е последната размена на мислења меѓу Скопје и Софија за отворените прашања. Точната содржина на неформалниот документ се чува во тајност, но главните точки се дека ниту долгото ниту краткото име на Македонија не значат територијални претензии кон Бугарија и второ дека Македонија нема намера да се меша во внатрешните прашања на Бугарија. Освен за ова, се чека одговор од бугарска страна и за патоказот кој треба да го дефинира исполнувањето на договорот за добрососедство.

Во интензивна комун со мнр на бугарија очекувањата да ги добиеме евентуалните забелешки за поатоказот која треба да биде за интензивирање посериозна шанса пред изборите да се најде одговор за неколкуте отворени прашања – Владо Бучковски, Специјален претставник на владата во разговорите со Бугарија.

 

Парламентарните избори во Бугарија се закажани за крајот на март идната година. Во трите месеци до тогаш, македонската влада гледа дополнително време за решавање на проблемот, иако шансата да се закаже меѓувладина конференција за време на германското претседателство веќе пропадна. Можност преговорите за членство да почнат се гледа во португалското претседателство во првите шест месеци од идната година.

Нашиот тим интензивно се координира се обидуваме да бидеме проактивни, да покажеме подготвеност од наша страна и покрај разочарувањето дека нема откажување. Португалското претседателство е нова шанса. Пред изборите во Бугарија ќе се обидеме да ги дефинираме и убеден сум дека ќе ги дефинираме оние прашања кои се најприоритени да ја вратиме дповербата – Владо Бучковски, Специјален претставник на владата во разговорите со Бугарија.

Бучковски вели дека патоказот за кој се разговара нема ниту да го разниша Договорот за добрососедство, ниту пак да води кон потпишување нов Договор.

Се надева дека до крајот на неговиот мандат, кој трае до први декември идната година, ќе се најде решение со Бугарија. А на прашањето како ја разбира изјавата на премиерот Заев дека всушност и не знае што е проблемот со Бугартија, Булковски одговара.

Реално сме разочарани. Емоциите не може да ги сокрие и нашиот премиер. Затоа на моменти повеќе сакајќи да ја испровоцира другата страна затоа што веќе циркулираат неформални предлози од наша страна, чекаме одговори да видиме, конечно да дефинираме што е она на кое треба да посветиме внимание сега и веднаш за да направиме придвижување да дојдеме до прифатливо решение – Владо Бучковски, Специјален претставник на владата во разговорите со Бугарија.

Кога се разговара за исполнување на Договорот со Бугарија вели дека освен работата на Комисијата, разговорите Скјопје-Софија се сконцентрирани и на поголема соработка во одбраната, културата и преку медиумите. Но, се за што се разговара сигурно ќе се спроведува врз основа на реципроцитет меѓу двете земји.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе