Намален е бројот на тестирања за корона вирус, но се намали и процентот на позитивни. Ваков е извештајот на Институтот за јавно здравје кој ја анализира изминатата недела споредбено со таа претходно. Од 14 до 20 декември тестирани биле 15 600 а тоа според статистиката на институтот е намалување за само 1,6% во однос на претходната недела. Но многу поголем е процентот на намалување на оние кои излегле позитивни а се тестирале. Минатата недела биле регистрирани нови 4 585 а тоа се за 17 проценти помалку во споредба со неделата која претходела. Според она што може да се види се намалува и бројот на хоспитализации. Ако минатиот понеделник во ковид центрите низ земјава се лекувале вкупно 826 мина, денес нивниот број е 664 ца. И дневниот прием е намален од над 40 сега на околу 30 пациенти дневно. Според министерот за здравство Венко Филипче ова е показател дека епидемијата малку стивнува но апелира граѓаните сепак да се внимателни.
Од друга страна за пациентите кои се лекуваат во домашни услови фондот го промени правилникот и за преглед на Д димери и ЦРП ќе може да добијат упат за во лабораторија и преку матичните лекари, не преку специјалист како до сега. Но и покрај тоа што оваа одлука е донесена пред пет денови матичните велат дека таков образец во компјутерскиот систем се уште не е вметнат.
Инаку намалување има и во бројот на смртни случаи и минатата недела биле вкупно се 159 што е за 8,6% помалку во однос на минатата недела. Но има и помалку оздравени 4.513 лица кои се за 15 % помалку во споредба со минатата недела.
Билјана Николовска