Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Адеми најдобар фудбалер во Хрватска

/

Фудбал

Сподели преку :

Капитенот на загрепски Динамо и член на репрезентацијата на Македонија, Аријан Адеми е прогласен за најдобар фудбалер во Хрватска за годинава што изминува.

Во анкетата што ја организираше tportal.hr учествуваа капитените на сите клубови во националното првенство и секој од нив имаше право да гласа за петте најдобри доделувајќи им од 10 до два бода.

Македонскиот репрезентативец имаше најголем број на поени од можните 100 му припаднаа 66 и го освои првото место пред капитенот на Хајдук, Мијо Цакташ со 46, а третата позиција ја делат Франко Андријашевиќ (Ријека) и Кристијан Ловриќ (Горица) со по 18 поени.