Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џенова го отпушти тренерот Маран

/

Фудбал

Сподели преку :

По поразот во дуелот против Беневенто и серијата од 12 натпревари без победа, раководството на Џенова реши да му врачи отказ на тренерот Роландо Маран.

“Сакаме да соопштиме дека решивме да ја прекинеме соработката со нашиот тренер. Клубот му се заблагодарува на Маран и неговиот стручен штаб за досегашниот ангажман”, се вели во кусото соопштение на Џенова.

Според медиумите во Италија, Давиде Балардини ќе биде новиот предводник на екипата која во продолжението од сезоната ќе води грчевита битка за опстанок во елитното фудбалско друштво во Италија.