Вести Македонија

Струмица е под маски

Струмица е под маски. Викендов се подготвува уште едно издание со карневалски поворки низ улиците на градот. Вечерва е големото дефиле на околу три илјади маскирани учесници од земјава, но и од регионот. Гoстите веќе се пристигнати. За нив забавата започна уште синоќа на големиот маскенбал каде се дружеа со локалните карневалџии.

На традиционалниот маскенбал се избраа и принцот и принцезата. Тие ќе ја предводат поворката. Годинава тоа се Лефтер и Цветанка Андонови кои со својата група ќе порачаат светот да престане со војувања и немири.

Карневалските поворки продолжуваат и утре, на Прочка, кога се одбележува детскиот карневал.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе