Македонија Топ вести

Забрзано се поставува модуларната болница во Штип

Забрзано се поставува новата модуларна болница во штипската Клиничка болница. Нејзиното пуштање во употреба наредниот месец за пациентите заразени со коронавирусот, на кои им треба болнички третман ќе ги одмрзне и европските пари за реконструкцијата на зградата на Инфективното одделение. По пуштањето во употреба  во 80 тите години на минатиот век во неа наредната година ќе има посериозни градежни зафати.

Првата фаза од реконструкција со пари од фондовите ан ЕУ чини околу 200.000 евра, фирмата е избрана и во март требаше да почне со реконструкцијата, но пандемијата изминатите 10 месеци не дозволи да се реализира проектов.

Ова ќе биде шанса болничките соби да имаат и централен довод за кислород, наместо да се користат тешките боци со кислород.

Во меѓувреме штипскиот Ковид центар го зголеми и бројот на болнички кревети, со адаптирањето на одделот за Анестезиологија за тешките пациенти.

Ѓеорѓијев најави дека по завршувањето на изборите во Штип, наредните денови ќе се распише и конкурс за вработување на 17 лица, одобрен од министерствата пред изборите за градоначалник.

Ќе се вработуваат медицински сестри, физиотерапевти, болничари и еден стоматолог. Огласот не предвидува прием на лекари.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 ученици препишувале на полагањето државна матура

Дејан Дејан

Македонија е меѓу земјите од регионот со најниска стапка на инфлација – вели Мицкоски

Дејан Дејан

Вработен во прилепската болница скенирал картичка на граѓанин и повлекол 90 000 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе