Вести Македонија Топ вести

Бугарија жали за ветото на заклучоците на Советот на ЕУ – Чешка и Словачка не попуштаат

Советот на ЕУ не ги усови заклучоците за проширувањето, остана спорна речницата која ја додаде Бугарија, а Чешка и Словачка ставија блокада на овој текст.

МИА од Брисел јавува дека дипломатите не паметат кога последен пат годината завршила без заклучоци за проширувањето на ЕУ, но по денешниот амбасадорски состанок е извесно дека овој пат тие нема да се усвојат.

Се огласи и Бугарија, и во официјалниот допис рече дека жали за одлуката на Чешка и Словачка да ги блокираат заклучоците на Советот на ЕУ, и ја оценија како неочекувана и без образложение.

Спорната реченица која наиде на неодобрување од двете земји членки требало да стави крај на сите тврдења засновани на погрешно толкување на историјата, реагира Бугарија по првото неодобрување на нивните додадени барања околу заклучоците на советот.

„Ветото врз заклучоците на Советот ризикува да ја поткопа довербата на ЕУ и да ја спречи Унијата да го испрати многу потребниот сигнал до Западен Балкан за стимулирање на неопходните реформи што земјите кои сакаат да се приклучат мора да ги преземат. Како една од земјите членки што го поддржуваат проширувањето, Бугарија би сакала да го охрабри Советот да преземе конструктивен пристап во сегашната ситуација со цел да се овозможи донесување заклучоци за време на сегашното претседателство со Советот на ЕУ“ – реагира бугарското министерство за надворешни работи.

Чешка е длабоко разочарана што не беше одобрена Преговарачката рамка за Северна Македонија со која требаше формално да започнат пристапните преговори со ЕУ и дека немаат намера да дозволат да бидат усвоени заклучоците со делот за „погрешното толкување на историјата“ на кој инсистираше Бугарија, а претседавачот Германија ги предложи. Притоа, оттаму велат дека и други држави-членки на ЕУ изразиле загриженост поради заклучоците, соти во нјанвоиот став на чешкото МНР за Дојче Веле.

Сега Македонија шанса ќе чека под палката на португалското претседателство од наредната година но земјата прави напори за остранување на пречките одново повтори македонскиот премиер Зоран Заев, од денешната посета на Пустец, Албанија, со порака до Бугарија да не покренува други претензии околу националниот идентитет на Македонија.

„Ние не се откажуваме од нашиот македонски идентитет и Бугарија нема причина да покренува други претензии. Ние сме пријателски земји и треба да се помагаме, за да одиме напред и целот Балкан да оди напред, “ рекол Заев.

Блокадата на заклучоците на Унијата за проширување, уследи по блокадата од Бугарија за преговарачката рамка за Македонија условена со билатерални и идентитетски прашања, заокружена со фразата да се запре со „погрешно толкување на историјата“.

Бугарското вето предизвика незадоволство и во германскиот Бундестаг, а следеше и извинување од Германска страна кон Македонија.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе