Вести Македонија Најважни

МНР на Бугарија: Одлуките на Совет на ЕУ беа блокирани неочекувано

Бугарија жали што неочекувано и без образложение бea блокирани заклучоците на Советот на ЕУ од страна на две земји-членки Чешка и Словачка, соопшти бугарското Миистерство за надворешни работи. Чешка и Словачка вчера го блокираа усвојувањето на заклучоците за Западен Балкан во Советот на ЕУ, бидејќи не се согласуваат со текстот за Северна Македонија.

„Подготвени сме да ја слушнеме загриженоста што доведе до оваа одлука и да продолжиме со нашите напори да постигнеме консензус за проширувањето. Бугарија ги одобри заклучоците на Советот за време на состанокот на КОРЕПЕР II на 16 декември, при што германското претседателство постигна консензус“, се вели во соопштението.

Во реакцијата се вели дека на инсистирање на Бугарија, на заклучоците беше додадена реченица за важноста на договорите на Република Северна Македонија со Бугарија и со Грција и дека нивното спроведување ќе стави крај на сите тврдења засновани на погрешно толкување на историјата.

„Ветото врз заклучоците на Советот ризикува да ја поткопа довербата на ЕУ и да ја спречи Унијата да го испрати многу потребниот сигнал до Западен Балкан за стимулирање на неопходните реформи што земјите кои сакаат да се приклучат мора да ги преземат. Како една од земјите членки што го поддржуваат проширувањето, Бугарија би сакала да го охрабри Советот да преземе конструктивен пристап во сегашната ситуација со цел да се овозможи донесување заклучоци за време на сегашното претседателство со Советот на ЕУ“, се вели во соопштението.

Чешка и Словачка во заедничкото соопштение коешто го објавија синоќа велат дека не можат да се согласат со заклучоците предложени од германското претседателство. Главен проблем за нив е реченицата за „погрешно толкување на историјата“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНРНТ му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе