Македонија Најважни

Со тројца сведоци до македонско државјанство? 

За дел од владејачкото мнозинство се неприфатливи предлог измените поднесени од пратеничката група Алијанса на Албанците – Алтернатива со кои се предлага државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста 1991 година живееле во  Македонија, да може да добијат македонско државјанство само со изјави од тројца сведоци. СДСМ се согласува законот да влезе во собраниска процедура по скратена постапка, но не со таков текст. Ќе поднесат со цел да се реши деценискиот проблем со кој се соочуваат некои граѓани.

Демократскиот сојуз предупредува дека со ваквото законско решение 70.000 граѓани ќе добијат државјанство во пресрет на пописот.

Предлагачите сметаат дека целта на  измените е да се овозможи рамноправност на сите граѓани а со тоа ќе се регулира статусот на оние кои 30 години се без документи.

Со измените се предлага, еден од условите за добивање државјанство да биде лицето да владее најмалку еден од службените јазици во замјата а државјанство да добијат и потомците на иселениците. Законските измени се поврзани со престојниот попис за да се прикаже бројот на населението, домаќинствата и становите.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: СДСМ нуди конкретен план за подобрување на системот за справување со пожари, ВМРО – ДПМНЕ со реакција

Дејан Дејан

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе