Вести Магазин Наука и здравје

ВИДЕО: Кучиња кои може да намирисаат канцер на бели дробови

Германската старт-ап „Dog Scan“ од Менхенгладбах тренира кучиња за да откриваат рак на бели дробови ореку мирис на заштитните маски. Поради извонредното сетило за мирис, може да детектираат определени хемиски состојки кои се прозведуваат во рак на дробови.

Иновативната метода треба да придонесе за рана дијагноза, па70% од пациентите може да се лекуваат со рана дијагноза.

-Човекот, на пример, има 10 до 20 милиони клетки за таа цел, а кучето 220 милиони. Значи може 10 или 11 пати повеќе од нас, објасни еден од креаторите на идејата Флориан Винен.

Двајца мажи го формираа стартапот за тренинг за кучича кои ќе намирисуваат тумор. Ги дресираат да ги душкаат фабричките маски и потоа ги мирисаат користените за да утврдат дали тој што ја носел има рак на дробови.

-Сакам да ги поддржам дечките што повеќе за да ги издресираат кучињата добро. И за разлика од мене, на другите луѓе, побрзо да им се пружи помош, изјави Маик Блум, пациент со дијагностициран рак на белите дробови.

Али Боуклуа, Специјалист по интерна медицина рече,„Во случај на канцер на дробови, се претпоставува дека произведува испарливи хемиски состојки. Нормален човек не може да го намириса, кучињата може да надушкаат такви состојки.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен за кражби во црква и џамии – приведен тинејџер од Тетово

Sasko Dimovski

Бројот на загинати во Венецуела е над 3.300 луѓе – ажуриран извештај за жртвите во разорните земјотреси

Sasko Dimovski

Гази Баба: 24-годишно момче пронајдено починато

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе