Македонија Најважни

Меркел очекува деновиве да се реши прашањето со пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека очекува деновиве да се реши прашањето со пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Таа во одговор на прашање на претседателот на Комисијата за европски прашања на Бундестагот, Гинтер Крихбау, кој зборуваше за злоупотреба од страна на земјите-членките кон земјите-кандидати за да си промовираат билатерални прашања, одговори дека е во контакт со бугарскиот премиер Бојко Борисов и се надева дека ова прашање наскоро ќе биде решено.

Инаку амбасадорите на земјите членки на ЕУ, вчера попладнево ги усвоија заклучоците на Евроспката Унија на земјите кандидати. Помина и точката осум од нацрт-текстот во кој стои реченицата „погрешно толкување на историјата“, на што инсистираше Бугарија. Дел  од аналитичарите ова го толкуваат како пролонгирање на макеоднските евроинтерграции.

Германското претседателство ги врати заклучоците за проширувањето на ЕУ.

Преговарачката рамка не е се уште под вето но има најави дека денес или утре во Брисел може да има некаков напредок иако шансите се минимални.

Во меѓувреме Бугарија го блокираше и потпишувањето на договорот на Македонија за Фронтекс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе