Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Го полеале со бензин и го запалиле – целосно уништен автомобилот на обвинителката Илиеска од ОЈО Прилеп

/

Македонија

Сподели преку :

Во текот на вчерашниот ден беше опожарен приватниот автомобил на обвинителката од ОЈО во Прилеп, Маријана Илиеска. Илиеска во телефонски разговор за Телма потврди дека возилото е целосно уништено, а настанот, иако ја вознемири, сепак, вели не ја обесхрабрува во нејзината работа.

Иако има сомнеж, сепак, обвинителката Маријана Илиоска, не сакаше да шпекулира за сторителите и вели дека се работи на нивно откривање. И обвинителството во соопштението наведува дека веднаш по настанот е извршен увид, обезбедени се траги и докази, и се преземаат мерки за откривање на сторителите на кривичното дело.

„Според првичните сознанија, за сега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета“, се наведува во соопштенито на ЈОРМ.

За обвинителката од Прилеп, Маријана Илиеска и нејзиното семејство и лани имаше закани, демнење и вознемирувања од прилепчанец кој на својот Фејсбук профил во повеќе наврати објавувал текстови и се вклучувал во живо, заканувајќи и се по живот на неа и на нејзината ќерка.

Во објавите неовластено користел приватни и семејни фотографии и праќал пораки со вознемирувачка содржина. Обвинителката Илиеска вели дека за немилиот настан од вчера не може да го поврзе со истото лице, затоа што тоа веќе издржува затворска казна од две години, но се работи на пронаоѓање на сторителите.

Јавното обвинителство, Здружението на јавни обвинители го осудија ваквиот напад и обид за заплашување на раководителот на основното јавно обвинителство со проширена надлежност во Прилеп, Маријана Илиеска.

Емилија Мисирлиевси

Jumbo 2