Најава за спојување на преметот историја со географија, а биологија со физика и хемија е дел од новата концепција за основно образование која ја остави јавноста во прашалници.
Денеска беше спомената во делот на реформи во образованието , но од кога ќе се имплементира овој наставен план се уште нема информации .
Инаку, во задолжителни предмети овие науки се поделени на природни – билогија, хемија, физика и општествени науки – географија, историја и граѓанско општество . Но , од министерството велат дека тоа не значи бришење на предметите , туку дека учениците во Македонија ќе учат по пример на развиените образовани системи.
На ваквите измени на наставниот план, реагираше академската фела , кои се побунија дека несфатливо е интегрирање на повеќе науки во еден предмет. Професор Панов од Институтот за национална историја , вели дека е спорно учебник по историја да замине во историјата.
Од МОН исто така изјавија дека професорите, учениците и наставници треба да ги следат променит, а и дека за ваквиот концепт наскоро ќе има јавна презентација.
Теодора Цветковска