Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бујар Османи ќе биде адут на ДУИ на изборите за претседател на Македонија

/

Македонија

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи ќе биде претседателски кандидат на ДУИ на претседателските избори. Ова го соопшти лидерот на партијата Али Ахмети од седиштето во Мала Речица, кој побара обединување со кое ќе се каже „не на Русија, да за Европа“.

Во својот говор тој рече дека парламентарните и претседателските избори се од одлучувачка важност во ова битка. Тој побара поддршка од граѓаните за старото барање на ДУИ со измена на Уставот претседателот да се бира во собранието и да се воведе функцијата заменик претседател.

„Со Бујар го започнуваме најважниот референдум на нашето време и следната битка за да ја добиеме вашата доверба за да го избереме Претседателот во Собрание со двотретиско мнозинство и со Бадинтерово мнозинствл, за да ја оствариме нашата визија за консенсуален претседател“, рече Ахмети.

Со исто барање вчера излезе и Арбен Таравари, кој е претседателски кандидат на албанската опозиција. Тој побара покрај внесувањ на Бугарите во Уставот, и избор на претседател во собрание наместо на непосредни избори.

ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе ја кандидира професорката Гордана Силјановска која единствено поднесе кандидатура во партијата, а неофицијално СДСМ ќе го поддржи досегашниот претсеател Стево Пендатовски за втор мандат. Претседателска кандидатура најави и претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, Левица ќе ја поддржи Билјана Ванковска, а кандидатура најави и доктор Вело Марковски.

Jumbo 2