Вести Македонија Топ вести

Забрана за изјнајмување која никој не може да ја спроведе – Владата со нереални рестрикции

Стан, куќа или викендица во некое од туристичките места, ски центрите па и во градовите  може да изнајмат само членови од едно семејство, без разлика колкумина се  а за останатаите тоа е забрането. Ова го предвидува новиот сет на рестриктивни мерки кој го усвои Владата но останува нејасно како ќе се врши надзорот колку и како се спроведува оваа мерка и како би се спровеле евентуалните контроли со оглед на фактот што Уставот гарантира неприкосновеност на домот па ниту една државна институција нема право да врши претрес на приватен посед без соодветен налог.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека  и тие ги виделе стотиците огласи во кои се бара објект за изнајмубање или пак се нуди за новогодишните празници и тоа било причината да се донесе оваа забрана. Тој потврди, казни не се предвидени поради законската ограниченост и повторно се останува на светса на граѓаните. Од Владата дообјаснуваат, само ако има пријава за нарушување на јавниот ред и мир полицијата може да тропне на вратата кај славениците.

„Сите мерки утврдени во најновиот пакет имаат за цел да го елиминираат ризикот со неодговорно празнување на верските и новогодишните празници и да се избегне зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19 во претстојниот период на празници, вклучувајќи ја и забраната за издавање на викендички под наем која не важи за лица од едно исто семејство. Како и до сега останува забраната за групирање која што важи и за претстојните празници. Министерството за внатрешни работи и сите инспекторати ќе имаат засилени контроли за да се овозможи спроведување на донесените мерки, а МВР ќе постапува само по дојави за прекршен јавен ред и мир кога има право да врши увид и во индивидуални објекти“

Пакетот рестирктивни мерки, вклучувајќи ја и забраната стапува на сила во петок и ќе трае до 20 јануари. Останува нејасно што со оние кои веќе изнајмиле и платиле викендична во туристичките места и ски центрите или пак во селата  и излетничките места во близина на градовите како што беше случајот кога на сила беа целосните забрани за движење а бројките ќе покажат дали апелите и одговорноста биле посилни од желбата за забава и веќе дадените пари за закуп.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заменик градоначалникот на Прилеп со своја верзија за решението за дивоградба утврдена на негов објект- Антикорупциска испитува дали има судир на интереси

Дејан Дејан

Деребан: Одлуката на Управниот суд е конечна и правосилна, по неа треба да постапат Собранието и Судскиот совет

Дејан Дејан

„Класифицирани информации“- одговор на МВР на прашања за полициската контрола во Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе