Министерството за здравство ќе испрати тим од Детската клиника предводен од директорката Софијанова во стручен надзор во приватната болница „Систина“ по објавените податоци и инфромации за влошување на состојбата кај деца кои го прележале коронавирусот. Ќе се испитува комплетната медицинска документација.
Директорката Софијанова потенцираше дека ќе треба да се ревидира реалната состојба и дека на педијатрија таков случај досега немало.













