Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ја убил сестра му и еден од внуците, вториот се бори за живот – повеќекратно убиство во кумановско Габреш

/

Македонија

Сподели преку :

По силните пуктоници и истрели, тивко е во кумановското село Габреш. Грозоморното убиство ја потресе околијата, но и државата откако 66-годишен маж по банална расправија ги лиши од живот својата три години помлада сестра. Не застанал во крвавиот поход и пукал во своите двајца внуци. Едниот починал на лице место, неговиот брат се бори за живот во кумановската болница. Пукачот, нивниот чичко не планирал да бега. Тој самиот се јавил во полицијата и побарал да биде приведен.

По увидот на крим техниката си замина и сопругата и малолетното дете на повредениот внук, а катанецот остана да сведочи за немилиот настан. Габреш е ретко населено место, но не изостанува со приаказните кои се плетат зад оваа семејна трагедија. Извори за Телма велат дека убиецот бил роден во селото Габреш па заминал во Германија и по подолг период се вратил во Скопје. Некое време престојувал таму по што се вратил во селото и по извесен период го сторил делото. Изворот вели и дека ранетиот внук кога имал 16 години лежел во поправен дом поради убиство.

Симона Петровска

Jumbo 2