Вести Македонија Топ вести Топ тема

Топ Тема (20.02.2024) Можен ли е договор меѓу Таравари и Села кој да биде „Алијанса за Албанците“?

Може да падне договор меѓу Арбен Таравари и Зијадин Села кому да припадне партијата – став на политичките аналитичари кои во Топ Тема дебатираа за последните превирања откако Таравари донесе одлука партијата да настапи на следните избори во коалиција со други опозициски партии од албанскиоит политички блок, а не да ја следи одлуката од 2023 на партиските тела и Алијанса за Албанците да настапи сама на иборите.

  • Можеби ќе падне некој договор за Алијанса да ја задржи Села зашто тој има намера сам да настапи на наредните парламентарни избори, но и на претседателски сам ќе настапи, додека Таравари сака да настапи во рамки на коалиција која се нарекува „Вреди“. Логички на Таравари нема да му биде толку потребен правен субјект за да настапува на избори зашто ќе биде во рамки на една коалиција, додека на Села тоа му е потребно, изјави Џелал Незири од Институтот БИРЦ.

 

  • Господинот Таравари никогаш не успеа целосно да ја преземе под контрола Алијанса за Албанците и на некој начин требаше цело време одлуките да ги консултира со господинот Села. Првата мотивација беше најверојатно или според мене, така јас го прифаќам, политичката елиминација на влијанието на господинот Села во партијата и целосна контрола на целата структура. Второ, ние имаме во моментов едно јавно вмешување од страна на Самоопределување и премиерот Курти во Македонија во дирекција на обединување на овие политички партии. Еден од луѓево што го премислил господинот Таравари е и господинот Курти, порача Сефер Селими од Демократска лабoраторија.

 

  • Најдобро ќе беше да се соочеа на еден конгрес сите и таму да се расчистеше ситуацијата. Секако има различни толкувања од тоа што видов веројатно беа прекратки роковите и за едното и за другото што се направи и мислам дека има прекршување на статутот и во двата случаја. Од она што го прочитав мислам дека, барем мојот впечаток е дека Таравари е во право во постапките и дека начинот на кој беше свикан вонредниот конгрес не е во согласност со статутот, изјави Александар Кржалоски, директор на МЦМС.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со нож повредени две лица во Тетово, полицијата пронајде и три пиштоли

Дејан Дејан

Седум повредени во сообрќајна несреќа во Гостивар

Дејан Дејан

Марин Ле Пен најави кандидатура за претседател на Франција и ќе ја обжали пресудата пред Врховниот суд.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе