Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во ВМРО – ДПМНЕ никој не се пријавил за претседател, ЗНАМ ќе го открие адутот во четврток

/

Македонија

Сподели преку :

Утре завршува партискиот јавен повик за кандидати за претседател на државата, а во ВМРО ДПМНЕ се` уште никој не се пријавил. Со кого ќе одат на избори, ќе се знае по конвенцијата на 2 март, каде се очекува да гласаат околу 500 делегати. Партискиот лидер денеска изјави дека е време Македонија да добие жена претседател, со што ги подгреа шпекулациите дека повторно ќе биде кандидирана Сиљановска-Давкова.

Отприлика во исто време ќе се знае и кандидатот на СДСМ, додека од партијата ЗНАМ најавија дека тие својот кандидат ќе го откријат во четврток. Не сакаа да откријат дали тоа ќе биде актуелниот партиски претседател, Максим Димитриевски.

Изјавите кои деновиве доаѓаат од ДУИ ја потврдија тезата дека наводната кандидатура на нивниот лидер е само пробен балон. И техничкиот премиер и вицепремиерот сега тврдат дека Ахмети е мисионер, а не претендент за функција.

Досега се најавени кандидатурите на професорката Билјана Ванковска од Левица, на доктор Вело Марковски, како и на Арбен Таравари од опозицијата на Албанците. Сите ќе мора да соберат и 10 илјади потписи од граѓани, а собирањето почнува од петок. Поголемите партии тоа можат да го сторат и со потписи од 20 пратеници, но според досегашната пракса, дополнително депонираат и граѓански потписи.

Далиборка Демјанска 

 

Jumbo 2