Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бектеши: Нема прослава на Нова година во Казина и oбложувалници

/

Македонија

Сподели преку :

За дочекот на Новата година нема да биде дозволено тоа да се случи во казината и обложувалниците, посочи министерот за економија Крешник Бектеши, по информациите дека Нова Година ќе може да се прославува таму.  Бектеши вели дека казината и обложувалниците ќе можат да работат 24 часа, но дека кафулињата, рестораните и гостилниците ќе мора да затвораат во 18 часот. „Не го знам бројот на казината, обложувалниците и автомат-клубовите кои даваат и угостителски услуги, но правилото важи секаде каде што се служи храна и пијалаци и таму треба да се почитуваат мерките“, посочи Бектеши.

Jumbo 2