Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Железници тонат во долгови, владата префрла пари за плати

/

Македонија

Сподели преку :

Железничкиот систем продолжува да тоне во долгови. Според извештајот на Министерството за финансии, железничките компании се најголеми државни должници и на крајот на минатата година.

Владата на 13 февруари донесе одлука да му додели дополнителни 2,5 милиони евра на МЖ-Транспорт за да им исплати плати на вработените, надоместоци и за обврски кон други добавувачи.

Македонски железници Транспорт ја заврши претходната година со долг од скоро 4 милијарди денари, односно скоро 65 милиони евра. Државната компанија за железнички превоз има уште 600 милиони денари, односно скоро 10 милиони евра недоспеани обврски, покажува извештајот на Министерството за финансии.

На крајот на септември оваа фирма должела скоро 69 милиони евра. Владата на 10 ноември лани му исплати вонредни 16 милиони евра на претпријатието за да ги плати долговите за струја, но и покрај тоа, долгот е намален за помалку од четири милиони евра. Поради милионски долг, на крајот на 2022 година, ЕВН му ја исклучи струјата на МЖ-Транспорт, па ја вклучи откако доби гаранции од владата дека ќе го плати.

МЖ-Транспорт со години е најголемиот должник во државата.

Владата во неколку наврати му наложи на МЖ Транспорт да направи рационализација во фирмата, сè со цел да ги намали непродуктивните трошења. Во тој контекст Министерството за транспорт и врски со целиот капацитет му стои на располагање на МЖ Транспорт да му помогне во реорганизација и намалување на непродуктивните трошења, велат во Министерството за транспорт и врски.

Втор најголем должник на крајот на 2023 е Македонски железници инфраструктура, со долг од 2,5 милијарди денари, односно 41 милиони евра. Уште два милиони евра треба да доспеат годинава, а уште 20 милиони евра во наредните две години.

За надминување на проблемите со ликвидноста на МЖ-Инфраструктура, владата му наложила на претпријатие да побара позајмица од Државната лотарија, Претпријатието „Аеродроми на Република Северна Македонија“, од М-НАВ или од Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост – Скопје.

Листатата на најголеми должници продолжува со ЕСМ дистрибуција на топлина, која должи 22 милиони евра, и уште 8 милиони евра недоспеани.

Меѓу најголемите должници влегуваат и клиниките, Номагас, ЕЛЕМ, Скопски водовод, Кумановски водовод, Општина Тетово и Општина Гостивар.

Срѓан Стојанчов

Jumbo 2