Триесет и две годишен македонски државјанин бил убиен во германскиот град Есен, во тепачка по расправија со двајца Еритрејци. Според германската полиција инцидентот започнал како расправија што ексалирала во тепачка, во која Македонецот бил удриан со пивско шише по глава.
Сведок на настанот се обидел да му пружил прва помош и да го реанимира повредениот кој бил онесвестен, но малку подоцна починал во болница како последица на повредите.
По извршената обдукција, констатирано е дека Македонецот починал како последица на напад од тап предмет, односно поради ударите со шишето.
Обвинителството го истражува случајот. Нема детали што била причината за расправијата.













